Ковид-19

СЗО: Омикрон регистриран во 57 земји

08.12.2021 09:17

Експертите посочија на рапидниот раст на заболени од вирусот во Јужна Африка и неговото очигледно ширење.

Омикрон варијантата е потврдена во 57 земји, неговото присуство е забележано во сите шест региони на СЗО- стои во неделниот билтен на организацијата.

Експертите посочија на рапидниот раст на заболени од вирусот во Јужна Африка и неговото очигледно ширење.

Прелиминарните анализи покажуваат дека мутациите во Омикрон можат да ја намалат неутрализирачката активност на антителата, која според СЗО е можно објаснување за брзото ширење меѓу високо имунизираните популации.