Континуирано се намалува бројот на заразени со Ковид-19
ИЈЗ, минатата недела регистрирал 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, а процентот на позитивност се движи од 7,8 отсто до 19 отсто, просечно 13,1 отсто.

Опаѓа бројот на заразени со Ковид-19 во земјава. Институтот за јавно здравје објави дека минатата недела во однос на претходната, забележано е намалување од 17,3 отсто заболени од Ковид-19, а заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се 828.770 граѓани.
ИЈЗ, минатата недела регистрирал 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, а процентот на позитивност се движи од 7,8 отсто до 19 отсто, просечно 13,1 отсто.
Од направени се 2.744 тестирања во текот на вчерашниот ден, регистрирани се 375 нови случаи на Ковид-19, а девет лица починале од вирусот. Регистрирани сe 507 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје регистрирани најмногу, односно 180 позитивни на Ковид, а најмалку, по еден, во Неготино, Крушево и Пехчево.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.
Кај нас засега не е регистриран ниту еден случај на Омикрон сојот на коронавирусот. Се уште доминантен останува Делта сојот. Во меѓувреме, надлежните повикуваат на помасовна вакцинација, која претставува единствениот реален излез од пандемијата.
Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге вчера информираше дека еден од десет луѓе во европскиот регион на СЗО ќе биде заразен со Ковид-19 до крајот на оваа недела. Тој рече дека миниатиот месец предупредиле дека до почетокот на 2022 година би можеле да бидат загубени уште половина милион животи доколку не преземеме итни мерки.
