Зелен флаер за совесните, црвен картон за несовесните пешаци
01.04.2014 12:40
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денес го означи почетокот на акцијата која има за цел да ја зголеми свеста за улогата која во сообраќајот на имаат пешаците.
Статистиката говори дека годишно околу 40 лица го губат животот во сообраќајни несреќи како пешаци, а дури 200 сообраќајки се предизвикани од лица кои несовесно се однесуваат во сообраќајот како пешаци.

-Евидентно е дека речиси една петтина од жртви во сообраќајот во минатата година се пешаци, а заедно со моторциклистите и велосипедистите, пешаците сочунуваат една половина од загинатите лица. Токму затоа во неделата на пешаците која трае од 1-7 април се одлучивме да спроведеме една превентивна активност и наместо вообичаеното изрекување на казна од 3000 денари за непрописно преминување на пешаците овој пат даваме флаери во црвена или зелена боја, истакна Јанкулоска.
Акцијата МВР ја спроведува заедно со републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај и со општина Ѓорче Петров.