Македонија

Врачена државната награда „Свети Климент Охридски“

08.12.2021 14:21

Ѓулумсер Касапи – универзитетски професор, Јован Павловски- писател, Снежана Анастасова Чадиковска- музичар, Елена Дончева- сликар- костимограф, се добитници на овогодинешната државна награда „Свети Климент Охридски“. Им беа врачени во законодавниот дом...

Во Собранието доделени државните награди „Свети Климент Охридски“, највисокото признание за долгогодишните остварувања во областа на образованието, воспитувањето, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и социјалната дејност.

Писателот Јован Павловски е добитник на наградата за особен придонес за културата и уметноста. Академскиот сликар и костимограф Елена Дончева е добитник на Свети Климентовата награда за творештвото во уметноста и образованието на млади уметници. Универзитетскиот професор Ѓулумсер Касапи е добитник на наградата поради образованието на жените. Добитник на наградата „Свети Климент Охридски“ е и музичкиот уметник и педагог Снежана Анастасова Чадиковска.

Конкурсот за доделување на Свети Климентовите награди се распишува во јуни секоја година, а добитниците ги определува одбор составен од претседател и 12 членови. Во една година можат да се врачат најмногу пет награди. Првпат државната награда „Свети Климент Охридски“ била доделена во 1969-та.

 

Ирина Гелевска