Последните три години во земјава морталитетот поголем од наталитетот
Природниот прираст бележи пад. Според податоците на Државниот завод за статистика ланската година во однос на 2019-та имаме негатитивен природен прираст од 2.144 лица. Гинеколозите велат дека освен пандемијата, во ваквите показатели влијание имаат и социоекономските проблеми, темпоефектот кај паровите, иселувањето, а загрижува и податокот на зголемувањето на процентот на стерилитет...

Последниве три години белижиме негативен природен прираст на населението. Морталитетот поголем од наталитетот. Првите негативни ефекти се чувствуваат во 2019 – та година кога статистиката бележи дека наталитетот во однос на морталитетот е помал за 601 лице. Ако со почетокот на пандемијата можеби може да се најде одговор во бројот на починати, загрижува податокот што минатата година имаме 19.031 живородено бобе што во однос на преминатата година, покажува сериозен процентуален дисбаланс, велат гениколозите.
Ако параметар за живородени деца е два проценти од популацијата, денес изнесува 1,5. Поради миграционите движење над 5.000 деца се родени во други држави и не се дел од нашата статистиката. Трпчевски вели дека освен социоекономските причини влијае и темпо ефектот на брачните парови, а последниве години на светско ниво за пет проценти е зголемен и стерилитетот.
Без соодветна проста репродукција за декада до две нѐ очекува „бела чума“. Да не се чека на последната шанса преку ин-витро методите, битолскиот примариус д-р Таше Трпчевски апелира за една поиздржана популациона политика. Младите, оформувањето на семејство да го планираат многу порано, а идните мајки кариерата да ја градат по стекнатото мајчинство.
Стевче Митревски
