Нови 419 случаи со Ковид-19, починати осум лица
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.194, бројот на оздравени пациенти е 204.685, на починати е 7.688, а бројот на активни случаи изнесува 5.821.

Во последните 24 часа направени се 3.285 тестирања, а регистрирани се 419 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27, Струмица – 18, Штип - 14, Куманово – 9, Велес и Радовиш – по 8, Ресен – 6, Кичево, Кочани и Берово – по 5, Тетово, Неготино и Делчево – по 4, Валандово – 3, Гостивар, Гевгелија, Пробиштип и Кратово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар, Крушево и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 211 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум починати лица: по 2 починати лица од Скопје (70г и 80г) и Велес (72г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (88г), Крива Паланка (72г), Кочани (58г), и Македонска Каменица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 15.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Велес (1), Кавадарци (1), Гостивар (1) и Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 73 до 101 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.194, бројот на оздравени пациенти е 204.685, на починати е 7.688, а бројот на активни случаи изнесува 5.821.
Досега во земјата се направени вкупно 1.491.973 тестирања на Ковид-19.
