Македонија

Манастирот Свети Никола во Мариово одбележува 750 години постоење

08.12.2021 16:19

Манастирот Свети Никола во Манастир, Мариово ги има најстарата зачувана црква во Пелагонија, од 11-тиот век, фрескоживопис од ретката Константинополска школа, и ги чува вечните почивалишта на монасите од едно од најстарите братства. Има ретки фрески, меѓу кои и на Свети Климент...

750 години нуди духовен мир и спокојство, но и фрескоживописна и археолошка раритетност. Манастирот Свети Никола во Манастир, Мариово ги има најстарата зачувана црква во Пелагонија, од 11-тиот век, фрескоживопис од ретката Константинополска школа, и ги чува вечните почивалишта на монасите од едно од најстарите братства. Има ретки фрески, меѓу кои и на Свети Климент.

Археолошките истражувања се речиси завршени. Црквата се препокрива, ќе се заштитува фрескоживописот, а догодина очекува да ги добие иконостасот и олтарот.

Останува предизвикот да се посети манастирот Свети Никола во Мариово. За духовен мир и фасцинантни сознанија.

 

Елзабета Митреска