Политика
Бугарија не го менува ставот за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ
09.12.2021 09:21
Софија смета дека само Албанија е подготвена за почеток на преговорите со Унијата, е позицијата на техничката влада во Бугарија утврдена на вчерашната седница...

Бугарија нема да го промени ставот кон Северна Македонија и до крајот на годинава нема да одобри преговарачка рамка со Eвропската унија за земјава, соопштуваат од прес- службата на преодната влада на Бугарија.
Софија смета дека само Албанија е подготвена за почеток на преговорите со Унијата, е позицијата на техничката влада во Бугарија утврдена на вчерашната седница.
Бугарија ќе се придржува до декларацијата на Народното собрание од 10-ти октомври 2019-та година за проширувањето на Европската унија, се вели во соопштението од бугарската влада.
