Свет
Турција: Тепачка меѓу пратениците во парламентот
09.12.2021 09:24
По острата вербална расправа меѓу пратениците, следело и тепачка со тупаници.

За време на синоќешната расправа за буџетот на Министерството за внатрешни работи на Турција, дошло до тепачка меѓу пратениците на владејачката Партија на правдата и развојот и главната опозициска Републиканска народна партија.
По острата вербална расправа меѓу пратениците, следело и тепачка со тупаници. Поради инцидентот седницата била прекината.
