Украдени сончеви колектори и акумулатори од светилките на видиковците на Водно
Градот Скопје ја известува јавноста дека во текот на изминатиов викенд непознати сторители извршиле кражба на два сончеви колектори и два акумулатори од светилките на соларна енергија на големиот видиковец на Водно. Дополнително, оштетен е уште еден сончев колектор и акумулатор од светилките.

Крадците искршиле и три светилки на видиковецот, а два канделабри се оштетени заедно со светилките.Светилките што ги осветлуваат двата видиковци во парк-шумата „Водно“ се сопственост на Градот Скопје, а направената штета се проценува на над 110.000 денари. Градот Скопје извршената кражба ја пријави во полицијата којашто трага по сторителите. Градот Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат поставената урбана опрема на јавните површини и да го почитуваат комуналниот ред.