Москва
Русија ќе ги предаде предлозите за безбедносните прашања
09.12.2021 10:17
Во видео разговор со американскиот претседател Бајден, Путин рече дека се разговарало за безбедносни прашања.

Официјална Москва за неколку дена ќе ги изработи своите предлози за безбедносните прашања и ќе им ги предаде на САД, соопшти рускиот претседател Путин.
Во видео разговор со американскиот претседател Бајден, Путин рече дека се разговарало за безбедносни прашања.
Рускиот претседател претходно оцени дека проширувањето на НАТО на исток, кое ја вклучува Украина во Алијансата, е многу чувствително прашање за руската безбедност.
