Нова средба на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања
На претходната средба која се одржа во изборен период во двете земји – кај нас меѓу двата круга од локалните избори, а во Бугарија за време на кампањата за претседателските и предвремените парламентарни избори, не беа усвоени никакви решенија и препораки.

Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска и утре ќе го одржи 16-от по ред состанок во онлајн формат поради пандемијата со коронавирусот.
На претходната средба која се одржа во изборен период во двете земји – кај нас меѓу двата круга од локалните избори, а во Бугарија за време на кампањата за претседателските и предвремените парламентарни избори, не беа усвоени никакви решенија и препораки.
Мешовитата македонско-бугарска комисија беше формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји во 2017-та година. Ова е последниот петти состанок на Комисијата за оваа година.
