Ереван

Азербејџански војник загинал на границата со Eрменија

09.12.2021 11:25

Ситуацијата се влоши во ноември, а двете страни пријавуваат оружени инциденти.

Азербејџански војник загинал на границата со Eрменија. Според соопштението на Mинистерството за одбрана на Aзербејџан, инцидентот се случил за време на провокација на ерменските сили на границата меѓу двете земји.

Ситуацијата се влоши во ноември, а двете страни пријавуваат оружени инциденти.

Ерменија на 16-ти ноември побара помош од Русија, откако соопшти дека 15 нејзини војници загинале во судирите на границата.