Бајден: Не се размислува за испраќање војска во Украина
На прашањето дали американската војска ќе се вклучи на терен за да ја запре Русија, Бајден истакна дека опцијата „не е на маса“ и дека обврската на САД да ги штитат сојузниците во НАТО не се однесува на Украина, која не е во Атлантската алијанса.

Американскиот претседател Бајден го предупредил рускиот претседател Путин дека Москва ќе се соочи со тешки економски последици доколку се обиде да ја нападне Украина. Вети дека набрзо ќе има средба меѓу Русија и сојузниците од НАТО за да се реши загриженоста на Кремљ за проширувањето на НАТО.
На прашањето дали американската војска ќе се вклучи на терен за да ја запре Русија, Бајден истакна дека опцијата „не е на маса“ и дека обврската на САД да ги штитат сојузниците во НАТО не се однесува на Украина, која не е во Атлантската алијанса.
„Состанокот со Путин беше многу директен и сѐ беше учтиво. Но, јас јасно кажав, ако тој ја нападне Украина ќе има тешки економски последици какви што немал досега. Неговиот моментален одговор беше дека тој го сфаќа тоа. Покрај тоа, јасно ставив до знаење дека ќе им обезбедиме одбранбена способност на украинците. Нашите тимови се во постојан контакт“, изјави Бајден.
Американскиот претседател рече дека САД, нејзините сојузници и Русија треба да седнат и да разговараат за жалбите на Москва за проширувањето на НАТО.
Претходно, официјална Москва соопшти дека за неколку дена ќе ги изработи своите предлози за безбедносните прашања и ќе им ги предаде на САД. Рускиот претседател оцени дека проширувањето на НАТО на исток, кое ја вклучува Украина во Алијансата, е многу чувствително прашање за руската безбедност.
Поранешниот претседател на Украина, Порошенко изјави дека на земјата ѝ се потребни модернизирани системи за оружје од западот за да се одбрани од каков било напад од руските сили.
„Мислам дека апсолутно е неопходно да обезбедиме авганистанско оружје и системи што ќе спречат рускиот претседател Путин да ја нападне Украина“, изјави Порошенко.
Министерот за надворешни работи на Украина, Кулеба изјави дека многу руски војници би загинале доколку Русија почне инвазија врз неговата земја. Шефот на украинската економија наведе дека работи со сојузници како САД и Британија за начините да се одврати Кремљ од евентуален напад, но даде до знаење дека украинската војска е подготвена да ја брани земјата.
Марина Ристова
