Македонија

Граѓаните не се оптимисти дека корупцијата може да се искорени

09.12.2021 12:07

Корупцијата влијае на општествениот, политичкиот и економскиот развој на земјата. Борбата против ова зло е императив за секое општество. Денеска се одбележува 9-ти декември, меѓународниот ден на борбата против корупцијата...

Корупцијата стана најголем општествен проблем, а граѓаните не се оптимисти дека таа може да се искорени. Секој трет испитаник во анкетата на МЦМС одговорил дека таа не може да биде намалена и е распостранета најмногу кај полнолетното население. Во анкетата како најкоруптивни граѓаните ги посочуваат носителите на високи функции.

Потребно е да се воспостави ефикасен систем за превенција и борба со корупцијата, да се зајакне меѓуинституционалната соработка и човечкиот интегритет, ова според граѓанските организации ќе биде најголем предизвик за државата наредната година. Бараат повеќе финансиски средства за институциите на прогонот.

Од платформата на граѓански организации сметаат дека двата антикорупциски документи на Владата претставуваат добра рамка за тоа што треба да се направи наредната година во насока на сузбивање на корупцијата.

 

Викторија Милевска