Енергетика

ЕСМ не достави понуда на тендерот на универзалниот снабдувач на струја ЕВН Хоум

09.12.2021 13:45

АД ЕСМ денеска нема да поднесе понуда и ќе се јави на наредниот повик на универзалниот снабдувач што треба да се однесува на периодот од јануари до јуни 2022-ра, соопшти компанијата...

АД ЕСМ соопшти дека одлуката на Владата во однос на препорачана цена и количини на електрична енергија со кои компанијата треба да се јави на тендерот на ЕВН Хоум за 2022-ра се однесуваат на шестмесечен период, додека актуелниот тендер на ЕВН Хоум се однесува на период од 12 месеци.

Од тие причини АД ЕСМ денеска нема да поднесе понуда и ќе се јави на наредниот повик на универзалниот снабдувач што треба да се однесува на периодот од јануари до јуни 2022-ра, соопшти ЕСМ.

Се огласи и ЕВМ Македонија. Бидеејќи денешниот тендер за набавка на струја за потребите на ЕВН Хоум не успеа, на 14-ти декември ќе има нова аукција со променети услови, односно ќе се однесува за период од јануари до јуни, за да може да се јави државната ЕСМ, согласно насоките добиени од Владата, велат од ЕВН.