Македонско-германска битка за фајнл-фор

01.04.2014 13:24

Вардар-Фленсбург и Металург-Кил ќе играат во 1/4финалето од елитната лига на шампионите во ракомет.

Денешната ждрепка во Виена за последната фаза од Лигата на европските ракометни шампиони пред завршниот турнир на најдобрите 4 екипи ги спои македонските и германските претставници меѓу најдобрите осум.

По елиминацијата на актуелниот шампион Хамбург, Вардар ја презеде улогата на носител при ждрепката и како можни противници ги имаше Металург, ПСЖ, Р.Н.Ловен и Фленсбург. Среќата сакаше црвено-црните одново да се соочат со германска екипа, го добија Фленсбург, тим кој и минатата сезона играше во оваа фаза, а беше елиминиран од Хамбург кој подоцна ја освои шампионската титула. Во последните 10-тина години Фленсбург на двапати играше во финале од Лигата на шампионите и двапати неуспеа. Во сезоната 2006/07 загуби од Кил, а три години пред тоа и во финалето против Цеље.

Металург се чини имаше уште помалку среќа. Во четвртфиналето го доби Кил. Име кое веднаш влева стравопочит и без да се споменат 3-те шампионски титули во последните 5 сезони и екипа што е предодредена за настап на фајнл-фор завршниците.

Но, слично беше и пред осминафиналните двомечи, па сепак Македонија е со 2 претставника меѓу најдобрите осум.

Во другите две четвртфинални средби ќе играат Рајн Некар Ловен и Барселона на нашиот Кирил Лазаров и француски пари Сен Жермен против екипата на Веспрем.

Првите натпревари од 1/4-финалетонашите екипи ќе ги играат во периодот од 16-20 април, Вардар како гостин на Фленсбург, а Металург во СЦ Борис Трајковски ќе го пречека Кил, додека реваншите ќе бидат закажани во периодот од 23-27 април.