Македонија

Меѓународен ден за борба против корупцијата

09.12.2021 14:13

Корупцијата продира во сите пори на општеството. Сѐ уште има има голем ризик од политичко влијание, неказнивост и злоупотреби. Антикоруционерите повикуваат на надлежните брзо да реагираат за навремено спречување на корупцијата...

Антикорупционерите тврдат – во земјава сѐ уште се високи ризиците од корупција поради политичко влијание, неказнивост, злоупотреба на дискреционите овластвувања и нетранспарентност.

Корупцијата продира во сите сфери, онаму каде ќе наиде на поволно тло, на алчни, суетни личности кој имаат личен интерес за моќ и влијание, но, без интегритет и без етичност. Главна заложба на Комисијата е градење на силни институции преку јакнење на личниот интегритет на службените лица, кои чесно и одговорно ќе се спротистават на корупцијата.

Мора да бидеме будни, брзо да реагираме за навремено спречување на корупцијата, вели потпретседателот на Собранието, Мисовски.

Корупцијата е предизвик насекаде, вклучувајќи ја и Унијата. За нејзино добро функционирање се бориме со ова негативна појава. Неопходно е придржувањето до законките принципи и морални вредности, порачаа од делегацијата на ЕУ во земјава.

Корупцијата е најголем проблем на граѓаните. Очекувања на антикорупционерите се да расте  свеста кај луѓето за да се пријавуваат сите незаконски и корупртивни активноси да се стави крај на ова зло.

 

Наташа Гркова Петрушевска