Македонија

Превенција и заштита од родово базирано насилство

09.12.2021 14:39

45 насто од жените во Македонија изјавиле дека доживеале некаков облик на насилство. Ратификацијатана Истанбулската конвенција и носењето на новиот закон се прави голем исчекор во превенцијата на насилството врз жените...

Една од 10 жени во земјава се жртви на физичко насилство. 30% од жените се жртви на сексуално вознемирување. Две од пет се жртви на психолошко насилство. Една од пет жени лично познава роднина, пријателка, соседка која преживеала некој облик на семејно насилство. Трипати повеќе жени во земјава сметаат дека семејното насилство е приватна работа, за разлика од жените во ЕУ. Малку насилство, се смета за нормална работа. Ваквите податоци бараат итен одговор од институциите. Во јануари годинава е донесен нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените.

„Сите се посветени на исполнувањето на Истанбулската конвенција. Успехот во преден план зависи и од организациите кои работат со жените.  Мора еда се иградат силни релации со невладиниот сектор. Од голема важност е отпочнување на тригодишниот проект за превенција и заштита од родово базирано насилство во Македонија. кој што работат  и драго ми е што почна тригодшниот прокет за превенција и заштита од родово базирано насилство во Македонија“, вели британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј.

Институциите треба да бидат беспрекорни во превенцијата, заштитата и закрепнувањето на жртвите, правосудните органи треба да испорачаат правда.

Според Фондот за население на ОН во Македонија, родовата еднкавост треба да се постигне до 2030 година.

Наташа Јанчиќ Менковски