Драган Спасов- Дац, Александар Митевски и Живко Поповски новите кумови и здравичар за Бадник
Традицијата продолжува. Актерот Драган Спасов- Дац и композиторот Александар Митевски се избрани бадникарски кумови, а здравичар ќе биде уметникот и голем хуманитарец Живко Поповски - Цветин. На 6-ти јануари догодина пред Соборниот храм ќе им биде предаден пехарот...

Актерот Драган Спасовски - Дац и продуцентот и композитор Александар Митевски се годинашни бадникарски кумови. Уметникот и голем хуманитарец Живко Поповски - Цветин е избран за здравичар. Од одборот велат дека во овој тунел во кој се најдовме сите, преку нивната уметност, тие се светлина која ни покажува дека сепак, животот тече и понатаму.
Неговите насликани цвеќиња стасаа до сите меридијани. Има подарено над 60.000 слики. Живко Поповски-Цветин вели дека преку нив ја шири мисијата на љубов и мир низ целиот свет.
Традицијата продолжува, а оваа година бадникарските кумови се избрани од најмладите, рече градоначалникот на Центар, Герасимовски.
Бадникарската средба ќе почне на 6-ти јануари на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ каде минатогодишните кум и здравичар ќе го предаваат пехарот на новите кумови и ќе наздравуваат со топла ракија и чај.
Александра Спировска
