Велес

Вработените во „Колска“ го блокираат железничкиот сообраќај

09.12.2021 13:36

Иако имаат работа, поради долг од еден милион евра и блокирана сметка од УЈП, вработените од фабриката „Колска“ не можат да земат редовно плата, поради што штрајкуваат...

Патничките возови за Битола и Гевгелија утрово, два часа беа блокирани на Железничка станица- Велес. Ова беше поради штрајк на Фабриката за шински возила „Колска“, чии вработени не дозволија 120 минути овие возови да го продолжат патувањето.

Деведесеттана вработени имаат работа, поправат товарни вагони на МЖ Транспорт и цистерни на компанијата ОИЛКО. Но, секој прилив на средства на нивната сметка која е блокирана, го зема УЈП чиј должник се, за еден милион евра, неплатен ДДВ со години.

Фабриката за шински возила „Колска“ е во државна сопственост и нејзините цени за поправка на вагоните се далеку пониски од тие на фабриките во Србија и Бугарија. Во текот на денешниот ден „Колска“ добила за поправка 15 товарни вагони од МЖ Транспорт и 14 вагони цистерни од „ОИЛКО“.

Петар Печков