Одбрана

И македонското небо стана дел од НАТО

09.12.2021 16:20

Сојузниците од НАТО денеска го штитат македонското небо. Надгледувањето и воздушното патролирање во надлежност на на Алијансата. „Бевме партнер, сега сме членка и сојузник на коja НАТО може целосно да се потпре“, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска...

НАТО официјално го заштитува воздушниот простор на земјава како дел од колективната одбрана.  Мисијата за воздушно патролирање на нашето небо го раководи Сојузничката воздухопловна команда на НАТО, оперативно од центарот за комбинирани воздухопловни операции во Торехон, Шпанија.

Реализацијата на „air policing“ мисијата во нашата земја е јасен приказ за функционирање на колективната одбрана на сите земји- членки на Алијансата.

НАТП авион за набљудување и комуникации „Авакс“ слета на аеродромот Скопје заедно со два авиони Ф16 за да прикаже како ќе се изведува заштитата на НАТО воздушниот простор од кој дел е и нашето небо.

По членството во НАТО, воздушниот простор над земјава согласно билатерален договор две години го заштитуваа авиони на грчкото воздухопловство.

Ирина Гелевска