Политика

Собраниска седница со ново мнозинство, oпозицијата обвинува за носење закони по скратена постапка

09.12.2021 16:37

Собраниска седница со ново парламентарно мнозинство. На продолжението на работата по локалните избори, опозицијата обвини за носење закони по скратена постапка, власта потсетува за прифатени амандмани за буџетот...

Со ново парламентарно мнозинство и обезбеден кворум за работа започна првата собраниска седница по локалните избори. Реагираше опозицијата според која од 57 закони, власта по скратена постапка избутка 14. Велат продолжува старата пракса која ја критикуваше и Европската комисија. Со опозицијата согласен и спикерот Џафери.

Буџетот за следната година нема да реши ниту една криза – критикуваше опозицијата на која ѝ биле прифатени само 12 амандмани. Од владеачката СДСМ велат, 350 милиони денари се пари кои се за амандманите од опозицијата.

Расправата за буџетот започнува во петок и ќе трае максимум пет дена.

 

Миле Ристески