Втора Женска трка во Скопје за подобар спортски живот

01.04.2014 13:31

На 6 април во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи 2-та Женската трка, којашто за прв пат беше организирана минатата година.Таа е една од промотивните трки на Виз Ер-Скопскиот Маратон 2014. Трката е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје. Целта на женската трка е превенција од заболувањата преку активно вежбање и вклучување на што поголем број жени..

Нема натпреварувачки карактер, сите учеснички што ќе ја завршата трката се победници, по што е  предвидена лотарија за учесничките со доделување награди од спонзорите.

Подржувачи и промотори на трката се Искра Јовановска, која преку социјалните мрежи ја формираше групата за рекреативно трчање “Трчаме Заедно” и пејачката Викторија Лоба, која редовно практикува рекреативното трчање.

Трката ќе се одржи в недела на 6 април. Стартот е во Градскиот парк кај школка.  Во 10.30 започнува загревањето со аеробик вежби. Во 11 часот стартува трката. Ќе се трча 1.000 метри, еден круг околу Градскиот парк.

Заинтересираните може да се информираат и пријават на официјалната интернет страница на http://skopskimaraton.com.mk/zenska-trka/.  Пријавувањето ќе трае до 3 април.

Оваа година Женската трка ќе биде дел од светските настани кои ќе се одржат на 6 април по повод Меѓународниот ден на спортот за развој и мир. Овој ден ќе се одбележува секоја година, започнувајќи од оваа година. Земјите-членки на Обединетите нации и другите партнерски организации ја нагласуваат  важната улога на спортот во општеството преку поттикнување поздрав начин на живот и правејќи го спортот достапен за секого или користејќи го како средство за развој во областите зафатени со конфликт, сиромаштија и нееднаквост.

Соња Стојановска