Здравство

Ковид-19: Во земјава доминантен Делта сојот, Омикрон сѐ уште не е детектиран

10.12.2021 09:14

Вкупниот број на случаи годинава заклучно со 7 декември е 134.460. Од нив, починати се 4.784, или 3,56 отсто. Во 2020 година имало вкупно 83.734 случаи, а починале 2.904, или 3,47 отсто.

Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп и Битола се градови со најголем опфат на заболени од Ковид-19. Во државата доминира Делта-сојот, додека новиот Омикрон уште не е регистриран. Засега остануваат да важат истите мерки, а надлежните апелираат на помасовна вакцинација, која е единствениот спас од пандемијата.

Вкупниот број на случаи годинава заклучно со 7 декември е 134.460. Од нив, починати се 4.784, или 3,56 отсто. Во 2020 година имало вкупно 83.734 случаи, а починале 2.904, или 3,47 отсто.

Поголем ризик за смрт постои кај мажите, бидејќи 59,5 отсто од починати се мажи, а 50,8 проценти се жени. Од заболените, доминира возрасната група на 60 години.

Во поголемите градови се регистрирани и најголем број на починати, но поголема смртност има и во други градови, на пример Струга, Крива Паланка, Крушево. Во Скопје во моментов има најмногу активни случаи.

Според надлежните, вакцинацијата останува единствен реален излез од епидемијава.