Активни 5.707 ковид- случаи во земјава
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695.

Последната статистика на Министерството за здравство покажува дека во земјава вкупно има 5.707 активни случаи на Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 167, од направени 1.478 тестирања. Оздравени се 275 пациенти, а починати седум лица.
Од новодијагостицираните случаи, во Скопје се 110, Кавадарци и Кочани по 9, Гевгелија 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид по 3.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695.
Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на Ковид-19.
