Се предлага задолжително земјоделско осигурување
Климатските промени со зачестени мразеви и град, штетите од поплави и суши со намалени приноси сѐ повеќе ја наметнуваат идејата за создавање на системско решение. Министерството за земјоделство, сегашното доброволно осигурување со субвенционирање на полисите, предлага да биде задолжително...

Министерството за земјоделство подготвува Закон за задолжително осигурување во земјоделството.
Предлозите за системско решение траба да се реализираат со формирање на Фонд за земјоделско осигурување со унифицирани надлежности и постапки во случај на штети од неповолните климатски услови.
Парите треба да се собираат во Фондот, а обесштетувањето да се исплаќа од склучените полиси. Поголемиот број на земјоделски осигуреници, според осигурителните компании, треба да ја намалат и цената на полисите.
Сегашниот модел со 60 проценти субвенционирање на доброволно осигурување се применува од 2008-ма година преку програмите за директна финансиска поддршка.
Во изминатиот период, настанатите штети во земјоделството од временските непогоди во одреден процент беа исплаќани од државниот буџет и тоа на земјоделците кои не го осигурале производството.
Според Министерството, предложениот нов систем има за цел да ги замени досегашните ад-хок решенија со формирање на комисии, проценка и обесштетување од страна на државата.
Методија Трајков
