Секое трето американско дете има покачен холестерол

01.04.2014 13:36

Истражувањето на педијатриските кардиолози на Детската болница во Тексас покажало дека речиси секое трето дете на возраст од 9 до 11 години има висок холестерол, што значи дека во иднина има висок ризик да страда од кардиоваскуларни заболувања.

Научниците ги проучувале здравствените картони на 12 712 деца на кои им се мерел холесторолот во крвта во партнерските клиники на болницата. Резултатите покажале дека 30% оде тие деца имале покачен холестерол. Почесто го имале момчињата отколку девојчињата. Поранешните истражувања покажале дека атеросклерозата што предизвикува задебелување на крвните садови, со внатрешни наслаги , како и нивно стеснување и други промени, можно е да започнат во детството.

Соња Стојановска