Македонија
Продолжува онлајн состанокот на Мешовитата македонско-бугарска комисија
10.12.2021 09:44
На претходната средба која се одржа во изборен период во двете земји не беа усвоени никакви решенија и препораки.

Продолжува онлајн состанокот на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Без конкретни детали дали има напредок.
На претходната средба која се одржа во изборен период во двете земји не беа усвоени никакви решенија и препораки.
Членовите на комисијата од македонската страна велат дека нема напредок поради инсистирањето на колегите од Софија да се наметне нивното гледање на минатото.
Копретседавачот од бугарска страна Ангел Димитров смета дека комисијата е заглавена во 10-от и 11-от век и не останува време да се разговара за заедничкото чествување на двете држави на Гоце Делчев.
