„Златоврв“ – поетско читање посветено на Блаже Конески
Во НУБ ќе настапат Влада Урошевиќ, Михаил Ренџов, Кристина Николовска, Иван Џепароски, Билјана Станковска, Љубинка Донева, Виолета Танчева-Златева...

„Златоврв“ е насловот на поетското читање посветено на великанот на нашата книжевност Блаже Конески кое се одржува денес во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Ова поетско читање кое е во организација на НУБ „Климент Охридски“, Друштвото на писатели и Фондацијата „Небрегово“ е дел од програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески по повод 100-годишнината од раѓањето“ што се реализира под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски и со поддршка на Владата на Република Северна Македонија.
Во НУБ ќе настапат Влада Урошевиќ, Михаил Ренџов, Кристина Николовска, Иван Џепароски, Билјана Станковска, Љубинка Донева, Виолета Танчева-Златева, Славчо Ковилоски, Марина Мијаковска и Соња Стојменска- Елзесер.
