Димитров денеска на средба со новата германска министерка за Европа, Ана Лирман
Вицепремиерот за евроинтеграции во посета на Берлин. Германските ставови и доследноста е јасна кога станува збор за комплетирање на Европа со земјите од регионот, вели Димитров...

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров втор ден во посета на Германија. Предвидена е средба со новата министерка за Европа во Бундестагот, Ана Лирман.
Трите партии кои ја формираа новата влада остануваат посветени на изнаоѓање мудро решение за да се надминат билатералните спорови. Германските ставови и доследноста е јасна кога станува збор за комплетирање на Европа со земјите од регионот, вели Димитров.
Германија продолжува да дејствува во насока на зајакнување на кредибилитетот на Уунијата. Екс- министерот за Европа, Михаел Рот испрати порака до Македонија да не се откажува и оти Брисел целата Европска унија ќе ги одржат ветувањата.
