Промени во правилата за патување во Грција
Единствената промена се однесува на оние кои прележале Ковид-19 и потврдата повеќе не важи од 30 до 180 дена туку од 30 до 90 дена по првиот позитивен тест, согласно новата министерска одлука што утрово стапи во сила...

Предусловите за патување во Грција се продолжени за уште една седмица, а единствената промена се однесува на оние кои прележале Ковид-19 и потврдата повеќе не важи од 30 до 180 дена туку од 30 до 90 дена по првиот позитивен тест, согласно новата министерска одлука што утрово стапи во сила, а се однесува и на државјаните на Македонија, јавува МИА.
За вакцинираните и невакцинираните, правилата остануваа исти и непроменети, за првите потребен е сертификат за вакцинација, а за вторите негативен ПЦР или рапид тест како и тестирање при влезот во Грција, а за сите, за патување кај јужниот сосед, задолжителен е и PLF формуларот.
