Албанскиот премиер Рама во посета на Берлин

01.04.2014 13:55

Албанскиот премиер Еди Рама денеска  престојува во еднодневна посета на Берлин. Toj ќе има средба со германската канцеларка Ангела Меркел.По средбата со Канцеларката, која,како што пренесуваат албанските медиуми ќе биде во четири очи, делегациите на двете земји ќе имаат заеднички работен ручек,по што Рама и Меркел ќе одржат заедничка прес конференција.

За време на престојот во Германија, Рама ќе оствари средби и со претседателот на Бундестагот и лидерот на парламентарната група на десницата, ЦДУ. Утре  Рама, патува за Брисел на средба со комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе а доцна попладне се враќа во Тирана, каде треба да се сретне со директорот во канцеларијата за Балкан во Стејт департментот, Џонатан Мур.