Oризопроизводителите бараат итна исплата на субвенциите
Листа од 14 барања до Владата испорачаа оризопроизводителите од кочанско. Бараат исплата на субвенциите до крајот на месецот и отфрлање на предлогот за замрзнување на цената на оризот. Слободен увоз на репроматеријали и целосен надзор над акумулациите од кои се наводнува кочанско поле...

Откупна цена на арпата од 25 до 30 денари за килограм, а на белиот ориз од 55 до 60 денари бараат оризопроизводителите од кочанско. Велат дека заработка и со овие цени нема, но барем ќе ги покријат производствените трошоци.
Субвенциите да се исплатат до крајот на месецот, а предлогот за замрзнување на цената на оризот да се отфрли, сметаат од синдикатот.
Одгледувањето ориз не е привлечно за младите земјоделци. Секоја година се намалуваат и површините под ориз.
Земјоделците од кочанско бараат бришење на каматите и репрограмирање на долговите кон Фондовите за здравствено и пензиско осигурување, ослободување од актонтативно плаќање на персоналниот данок, а бараат и формирање на референтни цени за репроматеријалите.
Славица Величковска
