Македонија

Бавно се одвива отстранувањето на депонијата со згура кај Велес

10.12.2021 13:12

Локалната власт на Велес не е задоволна со темпото со кое се отстранува згурата од депонијата близу некогашната топилница. Од концесионерот велат дека имаат оправдани причини за тоа. Најавуваат засилено темо од следната година. Депонијата е една од десетте црни еко точки во Македонија...

Иако во септември 2019-тата година е добиена „Б“ интегрираната дозвола за отстранување на депонијата со згура, резултат на три децениската работа на Топилницата кај Велес, ова постапка се одвива бавно. Така велат од велешката локална власт, која ја издаде дозволата на концесионерот „КЕПС МАУНТ ГРУП“.

Локалните власти не се оптимисти дека во рокот од 4 години, или до септември 2023-та згурата ќе биде отстранета. Депонијата има тежина од 1,7 милиони тони, присуство од 6 до 10 проценти цинк, олово од 2,2 до 3,4 проценти, железен оксид 25 проценти. Има и арсен и кадмиум, кои се опасни и токсични елементи, но од инвеститорот велат има скромно присуство и биле врзани со други елементи, па не претставувале опасност по здравјето на велешани. Од српската компанија, „КЕПС МАУНТ ГРУП“ со седиште во Скопје, објаснуваат за причините за малото количество на отстранета згура.

Наместо во Малезија, каде што првобитно требаше да се транспортира, таа се носи во Србија и Косово. Депонијата со згура е една од десетте црни еко-точки во Македонија и се наоѓа северно од Велес, на влезот од правец на Скопје. Од наталожените материјали, при секој ветер се разнесуваат во градот, опасни и штетни честички по здравјето на велешани.

 

Петар Печков