Омбудсман: Најчести прекршители на човековите права се судовите
Канцеларијата на Народниот правобранител организираше конференција на тема „10-ти декември, Меѓународен ден на човековите права - денот на сите граѓани“. Омбудсманот Зибери го презентира неодамна изготвениот извештај од спроведената анализа за постапувањето на органите по барањата и другите интервенции на Народниот правобранител...

Сѐ уште на врвот на листата на преставки, поднесени до Народниот правобранител се оние кои се однесуваат на повредите на правата на граѓаните од судството. Веднаш по неа се оние за извршителите, информираше Омбудсаманот. Тој вели дека повеќе го загрижува тоа што дел од високите судски инстанци ги игнорираат овие права.
За улогата и значењето на Народниот правобранител во остварувањето на човековите права говореше врховната и поранешна судијка во судот во Стразбур, Мирјана Лазарова Трајковска, која посочи дека судот го вреднува Омбудсманот како партнер кој помага да се заштитат човековите права дури и во постапки кои не мора да бидат судски.
Многу заначајно е да не бидеме заробеници на законското или уставното право, односно на правата запишани во законите и уставот. Важно е да се погрижиме за природните права.
Конференцијата беше посветена на Народниот правобранител како главна алка за почитување на човековите слободи и права и соработката со институциите.
Фиљана Кока
