Работнички права

ССМ не се откажува од најавениот протест в недела

10.12.2021 14:23

Сојузот на синдикатите не се откажува од најавениот протест в недела. Бараат повисока минимална плата и закон за прогласување недела- неработен ден. Работодавачите поделени во мислењата дали зголемувањето на минималната плата е одржливо и оправдано. Од владата велат- не изостана финансиската поддршка за бизнисот во услови на криза...

Сојузот на синдикатите не се откажува од најавениот протест в недела. Бараат повисока минимална плата и закон за прогласување на недела- неработен ден. Оттаму децидни, со законот се предвидува подобрување на работните услови за над 90 проценти од вработените, остатокот да добијат зголемена дневница.

Од Бизнис конфедерацијата посочуваат дека работодавачите се поделени во мислењата дали зголемувањето на минималната плата е одржливо и оправдано.

Финансиската поддршка за бизнисот во услови на криза не изостана и таа ќе продолжи, велат од Владата. Вицепремиерот Битиќи изјави дека сите предвидени економски мерки се реализирани, а компаниите беа поддржани со пакет мерки.

Владата минатата недела донесе одлука да се замрзнат цените на основните прехранбени производи до крајот на јануари 2022-ра година за да го заштити животниот стандард на граѓаните.

Дијана Ценевска