Куманово против Левски кон завршниот турнир
Единствениот преостанат македонски репрезент во регионалната БИБЛ, Куманово, ќе се обиде да направи и чекор понатаму и да се пласира на „фајнал-фор“ турнирот. Му претстои двомеч со бугарски Левски во четвртфиналната рунда, во којашто според пропозициите на лигата меѓу себе играат трето и шестопласираниот, односно четврто и петтотпласираниот тим на табелата по регуларниот дел.

На нашиот тим му треба победа, што е можно поубедлива, за да си ги зголеми шансите пред реваншот во Софија наредниот вторник. Отежнувачки фактор може да му биде фактот што во разигрувањето влегува по серија од осум последовни порази во лигашкиот дел, којашто сигурно силно влијаеше на самодовербата пред клучниот дел од сезоната. Освен тоа, Куманово има и неповолен биланс во меѓусебните дуели. Ги загуби двата одиграни меча, првиот во Софија со 88-82, а потоа и на домашен паркет пред дваесетина дена, со 92-85.
Сепак, за разлика од натпреварите во поголемиот дел од сезоната, македонскиот тим овој пат конечно може да смета на целосниот играчки кадар. Нема повредени кошаркари, а и целосниот амбиент во и околу составот е подобрен откако на местото на Горан Димитриевиќ за тренер беше доведен Љубослав Луковиќ, српскиот стручњак со кого Куманово имаше забележливи резултати во минатата сезона.
И овој пат главни адути на кумановци ќе бида најдобриот стрелец во лигата Вукашин Мандиќ (со просек 18,4 поени по натпревар), Ројс Паран (којшто има 14,2 поени и 4,7 асистенции во просек по натпревар), Урош Луковиќ (со просек од 13,4 поени и 9,7 скокови по натпревар) и на Иван Мишковиќ (којшто има 13,3 поени и 8,7 скокови во просек по натпревар).
Директниот пренос од натпреварот Куманово-Левски е на МРТ-1 од 17.30 часот.