Берлин

Димитров на средби со високи претставници на ЕУ

10.12.2021 15:06

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров втор ден во посета на Германија. Попладнево средба со новата министерка за Европа во Бундестагот, Ана Лирман...

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров втор ден во посета на Германија. Попладнево средба со новата министерка за Европа во Бундестагот, Ана Лирман.

Во разговорот со Генералниот секретар на европската служба за надворешни работи Стефано Санино - фокус на политиката на проширување како најважната алатка на надворешното дејствување на Европската унија и македонското евроинтегративно досие, како клучно за кредибилитетот на Унијата.

Европската перспектива е лепакот што ги соединува прогресивните сили во регионот. Обновувањето на довербата во политиката на проширување е можно само преку успех во македонското европско досие, смета Димитров.