Одбрана

Армиски офицери се вклучуваат во командната структура на НАТО

10.12.2021 15:57

Министерката Шекеринска на средба со новоизбраните офицери од македонската армија кои ќе ги извршуваат работните задачи во командните структури на НАТО. Пред 20-тина дена земјава целосно го заокружи процесот на воено интегрирање во Алијансата...

Првите македонски штабни офицери распоредени во командите на НАТО. Тројца се во Монс, еден е во Брисел. Заедно со првиот веќе заминат во Измир, Турција ќе ги пополни офицерските места кои ни се доделени во командната структура. Заминуваат потковани со знаење и искуства.

За штабните офицери ова е, како што велат голема чест, но и одговорност. Ќе работат на зададени задачи, а стекнатите искуства по враќањето ќе ги користат во нашата Армија.

Во наредниот период дополнително македонски офицери ќе ги потполнат местата што како членка на НАТО ни следуваат во командните структури на Алијансата.

 

Наташа Гркова- Петрушевска