Власта и опозицијата со спротивни ставови за Предлог- буџетот
Ресорниот министер Бесими нагласи дека во буџетот за 2022-ра има највисоко учество на капиталните инвестиции кои ќе генерираат економски раст во време на криза. Бесими вели дека в година ќе имаме развоен буџет, а економскиот раст според него ќе забрза до 4,6%. Освен во инфраструктурата, ќе се инвестира и во образованието, здравството, армијата, но ќе се зголемат и платите.

Власта и опозицијата со различен поглед на дополнетиот Предлог- буџет за наредната година. За првите зголемената државна каса е развојна и во склад со потребите и здравствената и енергетска криза, додека за другите таа е нереална, мегаломанска и ќе се трошат пари што државата ги нема.
Ресорниот министер Бесими нагласи дека во буџетот за 2022-ра има највисоко учество на капиталните инвестиции кои ќе генерираат економски раст во време на криза. Бесими вели дека в година ќе имаме развоен буџет, а економскиот раст според него ќе забрза до 4,6%. Освен во инфраструктурата, ќе се инвестира и во образованието, здравството, армијата, но ќе се зголемат и платите.
За опозицијата е неразбирливо Владата да креира буџет со рекорден дефицит што надминува половина милијарда евра. Ќе се троши повеќе за договорни услуги, возила и за мебел, за што пари реално нема. Половина од државната каса е за социјални трансфери, а зголемувањата на платите се според неразбирливи критериуми, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнетиот предлог буџет за 2022-ра предвидува трошењата да достигнат 272,4 милијарди денари, а приходите 238,9 милијарди. Дефицитот ќе достигне 4,3% од БДП односно 33,5 милијарди денари.
Според деловникот, општиот претрес на Предлог- буџетот во Собранието може да трае најмногу пет дена.
Свето Николовски
