Култура

Нова авантура на Биби и Боби во пресрет на празниците

10.12.2021 16:34

Во пресрет на новогодишните празници уште една нова авантура со хероите на децата Биби и Боби. Да се направи филм за најмладите е многу возбудлива и одговорна задача бидејќи децата се најискрената публика, велат од продукцијата...

Весела новогодишна ноќ во домот на Биби. Биби, Зази, мама Ана и тато Тино се подготвуваат да ја укрсат елката, а на гости се дојдени и Боби и Зина. Уште една нова авантура со хероите на децата. Слаѓана Вујошевиќ вели дека „Светот на Биби“ е проект кој ја прави многу горда што е дел од него, но и одговорна како актер бидејќи станува збор за најмладата публика.

Продукцијата „Светот на Биби“ има примарна цел да се посвети на едукативниот дел. Од таму велат дека сите материјали кои ги подготвуваат се посветени на тоа да се научат децата на основните вредности што треба тие да ги знаат во животот.

Од продукцијата велат дека и од оваа нова епизода очекуваат многу насмевки, среќа и радост на детските лица, а токму тоа им дава мотив да бидат сѐ подобри.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска