Јапонија по половина век повторно ќе извезува оружје

01.04.2014 14:06

Јапонија ја укина забраната за продажба на оружје во странство што беше воведена пред речиси половина век. Ќе може да им продаваат воена опрема или ,,одбранбен материјал“ на земјите што се наоѓаат долж поморските рути(на пр. Индонезија, Виетнам и Филипини) по кои поминува нафтата и плинот за увоз во Јапонија. Овие земји како и Јапонија се загрижени заради растечките поморски амбиции на Кина. Според новите прописи, сепак Јапонија го забранува извозот на оружје што би значело закана за мирот и за сигурноста во светот, а Владата  ќе се осигури од евентуален реизвоз во трети земји.

Новите прописи треба да овозможат развој и производство на оружје во партнерство со САД, извоз на воена опрема за мирнодопски и хуманитарни потреби,како и во случај на мисии за зачувување на мирот во ООН.

Соња Стојановска