Децата од „Дајте музика“ со последни подготовки пред Јуниорската Евровизија
Последни подготовки на членовите на „Дајте музика“ пред да заминат во Париз. На 19-ти декември на Јуниорската Евровизија ќе се борат земјава да ја престават во најдобро светло...

Вредно работат. Се прават последните подготовки. На Јуниорската Евровизија песната „Green forces“ мора да звучи совршено. И кореографијата се вежба. Сѐ мора да е на свое место. Тимот на „Дајте музика“ е на висина на задачата. Функционираат како тим, се надополнуваат и поддржуваат еден со друг.
Членовите на „Дајте музика“ на 19-ти декември во Париз ќе се борат земјава да ја престават во најдобро светло. Пред официјалниот настап во Франција ќе имаат можност неколку пати да пробаат на големата сцена, по што ќе следува и генералната проба. Макотрпно работиме, вели продуцентот на „Дајте Музика“, Цаци Паковска.
Робер Билбилов е автор на музиката, Робин Зимбаков е автор на текстот. Кореографијата е на Теа Јолаковска.
Наташа Јанчиќ Менковски
