Здравство

308 нови случаи со Ковид-19, починати осум лица

12.12.2021 17:19

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.408, бројот на оздравени пациенти е 205.946, на починати е 7.732, а бројот на активни случаи изнесува 5.730.

Во последните 24 часа направени се 2.643 тестирања, а регистрирани се 308 нови случаи на Ковид-19, во Скопје – 155, Охрид – 26, Битола – 21, Струмица – 19, Куманово – 15, Штип – 10, Кавадарци – 8, Прилеп и Велес – по 7, Тетово – 6, Кичево и Богданци – по 5, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 4, Неготино и Ресен – по 3, Виница – 2, Струга, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 246 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (64г, 67г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (80г), Велес (92г), Штип (68г), Охрид (84г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 10.12.2021. Регистрираното починато лице е од Кавадарци (1). Починатото лице е на возраст од 86 години. Лицето е починато во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.408, бројот на оздравени пациенти е 205.946, на починати е 7.732, а бројот на активни случаи изнесува 5.730.

Досега во земјата се направени вкупно 1.502.730 тестирања на Ковид-19.