Политика

Димитар Ковачевски избран за нов лидер на СДСМ

12.12.2021 22:45

Ковачевски му се заблагодари на Заев за досега сработеното и за консолидацијата на партијата и вети макотрпна и посветена работа за земјава да продолжи да се развива според принципите на социјалдемократијата.

Димитар Ковачевски е новиот, петти по ред претседател на СДСМ. Тој на вонредните внатрепартиски избори, на директното тајно гласање освои најмногу гласови од членовите. Според Централната изборна комисија на СДСМ, Ковачевски доби 37.649 гласови од членството. Јован Деспотовски освои 3.319 гласа, а Фросина Ременски доби 2.836. Неважечки беа 602 ливчиња.

Ковачевски му се заблагодари на Заев за досега сработеното и за консолидацијата на партијата и вети макотрпна и посветена работа за земјава да продолжи да се развива според принципите на социјалдемократијата.

„СДСМ одржа уште една лекција од демократијата, но од утре мораме да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работа. Ние сме столб на прогресивниот дел од општеството“, нагласи новиот лидер на партијата.

Ковачевски доаѓа на местото на Заев кој беше лидер на СДСМ од 2013-та година и кој по неуспехот на локалните избори во октомври најави оставка и од патиската, и од премиерската функција.