35 лица ја завршија обуката за графички дизајн во Сеавус
01.04.2014 14:15
Од вкупно 109 пријавени кандидати на повикот на Агенцијата за вработување 35 лица кои се квалификуваа и успешно ја завршија обуката за напраедни вештини од областа на информациските технологија, денеска се здобија со меѓународно признати сертификати.
Обуката беше наменета за невработени лица, а имплементирана од страна на Сеавус едукативен и развоен центар, со поддршка на Агенцијата за вработување и Министерствата за труд и социјална политика и информатичко општество и администрација.

Во периодот од ноември 2013 до април 2014 година интензивната програма за графички дизајнер се реализираше во Скопје, Прилеп и Охрид.
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски истака дека сите кандидати кои денес се здобија со дипломи ќе можат веднаш да се вклучат во пазарот на трудот и да најдат соодветно работно место.
-Се надевам дека дел од кандидатите кои ја завршија обуката ќе побарат од Агенцијата за вработување посредување за некоја од компаниите кои најавија влез во Република Македонија. Една од поголемите која најави влез е „ „Ендава“ од Англија и дека дел од нив ќе најдат вработување и во компанијата, рече Поповски.
Тој додаде дека над 60% од досега обучените лица се веќе вработени.
Генералната менаџерка на Сеавус едукативен и развоен центар Весна Ивановска рече дека оваа обука ги дала очекуваните резултати.
-Графичкиот дизајн е една професија којашто никогаш не завршува, напротив секој ден се модернизира, но едно е сигурно е тоа е потребата од овој профил на пазарот на трудот. Во Република Македонија постои константен дефицит не само од ИТ профили општо, туку најбарани се веб и графичките дизајнери. Оваа професија остава можност да се работи на странски проекти, да се работи самостојно или да се создаваат сопствени фирми, истакна Ивановска.
Инаку, една ваква обука, односно годишна програма за гафички и веб дизајн, како што нагласи чини околу 2.500 евра.
Целта на овие компјутерски обуки е стимулирање на невработените да ги подобрат своите знаења од областа на информатичката технологија.