Собрание

Продолжува расправата за Предлог- буџетот за 2022-ра година

13.12.2021 10:36

Пратениците денеска ќе го продолжат општиот претрес по дополнетиот Предлог- буџет за наредната година. Вкупните расходи се планирани на 272,4, а приходите на ниво од 238,9 милијарди денари. Дефицитот е 33,5, а капиталните инвестиции 38,2 милијарди денари...

Пратениците денеска ќе го продолжат општиот претрес по дополнетиот Предлог- буџет за наредната година. Вкупните расходи се планирани на 272,4, а приходите на ниво од 238,9 милијарди денари. Дефицитот е 33,5, а капиталните инвестиции 38,2 милијарди денари.

Како што посочи министерот за финансии Бесими во петокот, предвидувањата за економијата на глобално ниво за 2022-ра се оптимистички, а во македонската економија се очекува годината да заврши согласно со проектираниот раст на БДП од 4,1 процент, но со реална можност и да се надмине.

За опозицијата, Предлог- буџетот во висина од 4,4 милијарди евра е најобемниот  досега, нереален и неразвоен. Според опозицијата, не се предвидени пари за енергетската криза, а висок е и проектираниот буџетски дефицит.

Проекциите за капиталните инвестиции, сметаат, дека се нереални, имајќи в предвид дека нивната реализација во изминатите години е мала.

Согласно со законот, Предлог- буџетот треба да биде донесен до 31-ви декември.