Концерт „100 метрономи“ во Филхармонија

13.12.2021 10:56

На програмата се вториот став од Симфонијата бр. 101 „Часовник“ од Хајдн, Концертот за пијано и оркестар бр. 5 и Симфонијата бр.8 од Бетовен и Симфониска поема „100 метрономи“ од Лигети.

Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „100 метрономи“ кој ќе го води диригентот Габриел Бебешелеа, а како солист ќе настапи пијанистот Андреj Коробејников од Русија.

На програмата се вториот став од Симфонијата бр. 101 „Часовник“ од Хајдн, Концертот за пијано и оркестар бр. 5 и Симфонијата бр.8 од Бетовен и Симфониска поема „100 метрономи“ од Лигети.

Андреј Коробејников ја започнал музичката кариера на возраст од осум години, кога во Баку се претставил со својот прв рецитал. Оттогаш до денес одржал бројни концерти ширум светот, пришто соработувал со познати диригенти. Критиката го нарекува атипичен уметник кој прави совршени рецитални програми во кои поезијата и литературата се спојуваат со музиката.

Маестро Габриел Бебешелеа е шеф-диригент на оркестарот на Филхармонија. Музичката репутација на Габриел Бебешелеа расте по воодушевувањата од страна на критиката и на публиката за неговата исклучителна музикалност и ентузијазам со кои ги предводи оркестрите.