Свет

Француските власти водат истраги за лажни ковид сертификати

13.12.2021 11:27

Вниманието на француските медиуми го привлече случајот со жена заболена од вирусот, која почина во болница во Париз, откако презентирала лажен сертификат за вакцинација.

Франција почна 400 истраги за мрежи што обезбедуваат лажни сертификати за вакцинирање против коронавирус, во време кога се зголемува хоспитализацијата на пациенти со Ковид-19 во земјата.

Вниманието на француските медиуми го привлече случајот со жена заболена од вирусот, која почина во болница во Париз, откако презентирала лажен сертификат за вакцинација.

Француската влада ги заострува правилата за здравствените пасоши. Тие се задолжителни за посета на сите ресторани, како и за се поголем број настани и локации.

Владата ги затвори ноќните клубови и ги заостри мерките за социјално растојание, но се обидува да избегне уште едно заклучување.